(ВИДЕО) Анѓушев: Од Веибо се пожалија дека под присила го купиле погонот во Кр.Паланка, работиме на решавање на проблемот со вработените

Вице-премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев при вчерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5, покрај другото зборуваше и за проблемот со фабриката Веибо во Крива Паланка.

-Уште на почетокот имавме средба со раководството на Веибо, кои кажаа дека им било ветено дека ќе се гради зоната во Ранковце и таму ќе можат да вработат 2000 работници. Но тие не можеле да најдат толкав број на луѓе, па им било препорачано да го купат објектот во Крива Паланка. Тие велат дека тоа го направиле под некаков притисок и таму работеле принудно, односно тоа што им било ветено не им било исполнето. Но од друга страна нема оправдување, работодавач да не исплаќа плати на вработените и тука нема дилема. Вработените се апсолутно во право и тие можат да покренат било каква постапка против Веибо, а тие доколку не се во состојба да ги исполнат своите обврски како работодавач, има други заинтересирани инвеститори во таа област. Јас денеска имав состанок со еден таков инвеститор, и ние ќе направиме се`што е во капацитетот на владата, и мислам дека ќе биде решен нивниот проблем, истакна Анѓушев.

Разговорот на оваа тема започнува од 01ч, 03мин и 30сек од видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e