Телеграма од Кирацовски до семејството на екс министерот Чокревски

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на поранешниот министер за внатрешни работи, Томислав Чокревски.

„Во мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам искрено жалење и сочувство за загубата на Томислав Чокревски, татко, сопруг и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството, туку и на Република Македонија.

Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во големото безвременско дело што зад себе го остави Томислав Чокревски, како во научните, така и во државничките дострели.

Нека неговото дело биде патоказ за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат и да ја градат сопствената, но и иднината на Република Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e