Спасов: 200 илјади Албанци гласаа за промени

Што и да се случи СДСМ и опозицијата имаат должност со сета сила и на сите можни начини да ја продолжи битката за ослободување на заробените институции. Ако Груевски и Ахмети сметаат дека народот сака тие да продолжат да владеат како до сега ,македонската и албанската опозиција не смеат да бидат декор од таквата диктатура. Тие имаат обврска да им покажат на Груевски и Ахмети дека по овие избори не можат да владеат наспроти изборната волја на 200 илјади Албанци кои гласаа за промени и огромно мнозинство на Македонци и граѓани од другите етнички заедници кои гласаа за владеење на правото и ослободување на судството од контролата на криминалците.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e