Николовски: Ги решаваме наследените проблеми со многу енергија и посветеност

Сакам да ги информирам земјоделците дека ги решаваме наследените проблеми со многу енергија и посветеност.

Денес, после многу работа и ангажман, заврши обработката на барањата и го откочуваме процесот за исплата на надоместокот од штетите што земјоделците ги претрпеа од пролетните мразеви оваа 2017 година.

Денеска до Бирото за судски вештачења доставивме 13.580 барања за проценка на штети за 27 општини. Се обработуваат и барањата од уште само 5 општини каде се утврдени грешки и ќе бидат завршени најдоцна до понеделник.

За штетите од 2016 година, заедно со останатите институции, подготвивме детална анализа и информација која е влезена во владина процедура на одлучување.

Оваа Влада им подава рака на земјоделците.

Зборот е збор !

Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e