Мицкоски: Се надевам дека во иднина ќе зборуваме за реформи и што побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и НАТО

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на денешниот ден имавме состанок со еврокомесарката Федерика Могерини која што истовремено е одговорна и за надворешната политика на Европската Унија. Разговаравме за стратешките приоритети на Република Македонија а тоа е полноправното членство на Република Македонија  во ЕУ.

Исто така разговаравме во врска со реформскиот процес кој што е на патот до полноправно членство на Република Македонија во ЕУ. Како претседател на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството било на планот на образованието, економските форми исто така.

Сето она што се случува во Република Македонија не загрижува и не само што не помага во побрзо одење на патот кон  полноправно членство на Република Македонија во склопот на Европската Унија туку и го уназадува тој процес.

Исто така ја искористив можноста да ја информирам еврокомесарката Могерини за она што се вели состанок кој што го имавме во саботата, а поврзан со проблемот со името кој што имаат Република Македонија и соседна Република Грција. Состанокот кој што го одржа државниот врв, на кој што присуствував јас, владините претставници, претседателот Иванов и господинот Ахмети придружуван од неговите соработници.

Ја запознав со содржината на состанокот дека тој е од информативен карактер. Не запознаа со начинот како е воден процесот од нивна страна досега. Но она што се вели предлог кој што беше доставен од страна на медијаторот Нимиц.  Очекуваме дека овој сет на идеи и понатаму ќе се развива и дека ќе бидеме континуирано информирани за развојот на овој процес, се до негово се разбира позитивно решавање.

Она што нас не загрижува како најголема опозициска партија е негативната слика за економијата во државата, негативните процеси од аспект на реформите во правосудството, злоупотребата на државните институции во партиски цели и сето она што можеме да го наречеме со два збора политички терор. Се надеваме дека во иднина овие зборови ќе изостанат од нашиот вокабулар и ние само ќе зборуваме  за реформи, реформи и што побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Така што имавме една корисна конструктивна средба со еврокомесарката Могерини и мислам дека во тој дух треба да продолжат и понатаму односите кои ќе ги развива ВМРО-ДПМНЕ со официјалните лица на Европската Унија, Европската Комисија и Европскиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e