Кривичен ги бара обвиненијата од СЈО за Грујевски и Бошкоски

Кривичниот суд кој се уште ја подготвува документацијата за екстрадиција на поранешните разузнавачи, Горан Грујевски и Никола Бошкоски доставило барање до Специјалното јавно обвинителство за добивање на обвиненијата во кои се опфатени бегалците.

СЈО потврди дека судот бара оригинали од сите предмети во кои се опфатени Грујевски и Бошкоски кој како што велат од Обвинителството во најкус можен рок ќе ги достават до Кривичен.

Грујевски и Бошкоски во Грција чекаат судење за фалсификуваните пасоши.

Грујевски е обвинет во три случаи „Тврдина – Таргет“, за кој му е определен притвор, „Тврдина 2“, кој е во тек и предметот „Трезор“.

Бошкоски пак е обвинет во предметот „Тврдина -Таргет“.

Груејевски во Грција беше фатен со лажен пасош со името Христо Атанасов, додека Бошкоски со патна ипсрава на име Неџби Хасан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e