Кој е Љубомир Јовевски, новиот јавен обвинител на РМ?

Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител на Република Македонија.

Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

Кој е Љубомир Јовески?

Шеесет и тригодишниот Љубомир Јовески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. Во судството е уште од 1979 година, кога станува приправник во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија.

Бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител.

Името на Љупчо Јовески ретко се споменуваше во јавноста, се до моментот кога беше посочен како еден од можните кандидати за наследник на Марко Зврлевски.

Јовески во својот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Вози Рено Меган, а поседува и Југо старо 19 години. Во банка има 7.000 евра и трансакциска сметка од 10.000 денари. Но, има и долгови, односно кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари.

Во моментот го довршува својот двегодишен мандат во Советот на јавните обвинители, а претходно бил еден од десетината заменици на Зврлевски.

За да биде избран од Собранието на РМ за Јовески треба да гласаат 61 пратеник. Мандатот на Јавниот обвинител на Република Македонија е шест години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e