Караџовски игнорирал приговор за рачно местење предмети кај подобни судии

Судијка од Основниот суд Скопје 1 на 14 jуни годинава со писмен приговор го известила и му укажала на претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски дека се прават злоупотреби и се местат судски предмети преку електонскиот систем за распределба на судски предмети (АКМИС), кој што сам, без човечко влијание, требаше да ги распоредува предметите по случаен избор, пренесува порталот Сакам да кажам. Во приговорот, кој го објави порталот , судијката обвинува дека по наредба на претседателот на судот била исклучена од АКМИС-от и не добивала предмети, за разлика од нејзините колешки, кои добивале по двоцифрен број предмети.

Караџовски, пак, за СДК негира дека до него и воопшто во Судскиот совет, судии поднесувале приговори за злоупотреби со електронскиот систем за распределба и оти тој не реагирал.

„Двапати пребарав во архивата и пак ќе проверам, но приговори од судии за АКМИС системот во Судскиот совет нема. Не е точно дека сум примил приговор од колега и не сум презел ништо. Сите муабети дека наводно системот за објективна распределба на предметите во судовите овде во Судскиот совет биле на ниво на озборуваање од некои судии“, тврди Караџовски.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e