Груевски доби опомена дека ќе биде казнет ако уште еднаш ја попречи работата на судот

Никола Груевски денеска на судењето за случајот Тенк беше опоменат дека ќе биде казнет ако уште еднаш ја попречи работата на судот. Реакцијата на судијката Добрила Кацарска следуваше откако Груевски по воведниот говор на обвинителот извика дека ова е партиски суд.

Тој во неколку наврати пред започнување на воведните говори бараше збор од судијката, а откако не му беше дозволено да зборува возвраќаше со коментари од место.

– Ова е на сила водење на судскиот процес. Треба да ни дадете еднакви права. Обвинителите од СЈО веќе два пати зборуваа, а мене не ми дозволувате ниту еднаш, се пожали Груевски.

Во воведниот говор обвинителот на СЈО, Стевчо Донев истакна дека со докази ќе го докажат кривичното дело кое го сториле обвинетите при набавката на мерцедесот.

-Тие што треба да ги спроведуваат законите не треба да прифаќаат влијание од центрите на моќ. Во 2012 година Груевски, кој бил премиер го искористил своето влијание и службена положба и побарал од Јанкулоска која била министер, да се купи ново блендирано возило мерцедес, а притоа да се фаворизира, односно набавката да се склучи со Мак Ауто Старт. Јанкулоска го потикнала помошникот Ѓоко Поповски да стори кривично дело и ова ќе го докажеме преку снимените материјали, но и со другите докази. Ќе докажеме дека Поповски го исполнил ветувањето, односно за да нема конкуренција ставил повеќе техночки спецификации во тендерската документација. Токму затоа на тендерот конкурирала само фаворизираната компанија, истакна обвинителот.

Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e