Град Скопје ќе расправа за алтернатива за превоз на граѓаните до Средно Водно за викенд

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на Град Скопје денеска како 11. точка ќе расправа за алтернатива за граѓаните за околу тоа како да стигнат до Средно Водно, со оглед на тоа дека со одлука беше донесено дека сообраќајот со моторни возила за време на викендите ќе биде забранет.

Од град Скопје рамислуваат за бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.

Со оваа одлука Советот ќе го овласти градоначалникот со решенија да го утврдува времетраењето кога ќе почнува и кога ќе завршува бесплатното користење на градските автобуси. Во истата одлука се предвидува и воведување бесплатен автобуски превоз на линијата број 25 од Транспортен центар до Средно Водно во викендите и на државни празници. Се предвидуваат и пробни линии од „Автомакедонија“ и од Дом на печатот до Средно Водно. Јавното претпријатие „Градски паркинг“, пак, за време на викендите и на државните празници ќе овозможи бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга“ и на паркингот кај Дом на печатот.

Сите трошоци за бесплатните поволности на граѓаните ќе се покријат од буџетот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e