(ФОТО) Кој му го посла на Заев црвениот тепих во тиквешките лозја?

Тепихот за Заев сред лозје, што предизвика бурни реакции во јавноста, е пракса со години. По тепихот со боја на вино чекореле многу други политичари и амбасадори, велат организаторите.

Црвениот тепих по кој зачекори премиерот Зоран Заев, завчера на закројување на лозите во Тиквешијата, предизвика лавина од коментари меѓу граѓаните, медиумите и социјалните мрежи. Поделени се мислењата за тоа требало или не требало да има послано тепих по кој Заев и останатите гости зачекорија за да влезат во лозјата.

Гостите на винаријата Домеин Лепово на чинот на закројувањето можеа да забележат дека имаше наредено дрвени палети во редот од лозите, а врз нив имаше теписон во темно црвена боја, за да не се влегува во калта со оглед на тоа што претходната вечер во Неготинско врнеше дожд се’ до раните утрински часови. „Дали требаше премиерот и министерот за земјоделство да влегуваат во кал до колена, само за да ги придобијат симпатиите на лозарите? Да ги соблечат чевлите на почетокот на нивата и да облечат чизми?

Тогаш пак ќе коментиравме дали бојата на чорапите им одговара со церемонијата или пак можеби премиерот требаше да побара да го тргнат теписонот и како дете од село да покаже дека и не се палши да згази во калта, се дел од коментарите на граѓаните. Црвениот теписон го постави компанијата Домеин Лепово. ПР службата на оваа компанија вели дека поставувањето на тепих е практика со години и не е никаква новина, кога станува збор за една ваква манифестација, на која години наназад доаѓаат гости од политичкиот врв на земјата, министри од разни земји од регионот и амбасадори.

– Со години наназад на патот за симболичното закројување на виновата лоза се ставаат дрвени палети, кои потоа се покриваат со теписон во темно црвена боја, која всушност ја означува бојата на виното кое е и заштитен знак на овој бренд. Од ова произлегува дека се работи за практични причини, велат наши соговорници.

2014 – поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски и сопственикот на винаријата Тиквеш Свето Јаневски

2015 – Поранешен министер за земјоделство Михаил Цветков, директорот на винарија Тиквеш Игор Илиевски и Свето Јаневски – сопственикот на Тиквеш.

2015 – Поранешен министер за земјоделство Михаил Цветков, директорот на винарија Тиквеш Игор Илиевски

2016 – Пејачот Жељко Самарџиќ

2017 – Поранешен министер за земјоделство Михаил Цветков

2017 – Лозари и гости

Дека закројувањето на лозите секогаш се организира на овој начин, со присуство на бројни гости, сведоци се новинарите. На црвената патека лани чекореше министерот за земјоделство Михаил Цветсковски, како и во годините наназад кога чекореа бројни политичари. Винаријата Домеин Лепово започна со работи пред неполни 5 години, како винарница за производство на ексклузивно вино, во склоп на ВВ Тиквеш.

Билјана Тошевски

Извор: Канал 77

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e