ФАКТОР: Од Нова година ВМРО – ДПМНЕ со нов лидер

Никола Груевски и официјално потврди дека планира да поднесе оставка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде пред партиските органи за потоа да може да се свика и организира вонреден конгрес на кој ќе се избере нов лидер. 

Груевски и по првиот круг по објавата на првичните резултати кои беа драматично лоши кажа дека одговорност за нив најголема има пред се тој како лидер на партијата, а посочи и дека ќе се изработела длабинска анализа која ќе ги утврди точните причини за губењето и на локалната власт.

Меѓутоа процесот на поднесување оставка очигледно е забрзан од повеќе настани кои се случија во последниот период. Груевски е ставен пред финалниот притисок за што доволно говори екстремно слабиот одзив на протестите на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уапсените и приведените лица за кои Јавното обвинителство води истрага за крвавите настави во Собранието на 27 април.

Речиси целиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ со Груевски како фронтмен на партијата се распаѓа. Нема ниту медиумска ниту експертска поддршка за изнесените ставови дека се работи за политички реваншизам во постапувањето на полицијата, судот и обвинителството и дека со апсењата и притворите на осомничените лица меѓу кои има пратеници, припадници на полицијата и организатори и директни учесници на протестите се вршел директен притисок за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ како партија.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e