Џолев е новиот претседател на скопскиот Кривичен суд?!

Судијата Иван Џолев, според неофицијални сознанија на порталот Судство утре на седница на Судскиот совет ќе биде избран за нов претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје!

Според сознанијата до кои дојде нашиот портал Џолев бил најприфатливо решение за нов претседател на скопска „единица“, иако до последен момент на таа функција веќе беше видена судијката Весна Димишкова.

Името на Иван Џолев веќе подолго време се вртеше низ судските кулоари како можен наследник на местото претседател, но тој на пошироката јавност и стана познат по јавното конфронтирање со екс-претседателот Владимир Панчевски кого го обвини за вршење притисок по изречена судска пресуда. Тој на Панчевски му поднесе кривична пријава, а успеа да го изенесе и пред Советот за утврдување на факти и пред Судскиот совет.

Изборот на Џолев доаѓа по оставката која минатата недела ја поднесе в.д. претседателот Стојанче  Рибарев, а кој дојде на функција откако и судијката Татјана Михајлова си поднесе оставка од местото „вршител надолжност“.

Иако важеше за тотален аутсајдер, пред сѐ поради своето однесување кон Специјалното јавно обвинителство, сепак меѓу кандидатите се најде и спорниот Владимир Панчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e