(АУДИО) Две „бомби“ ќе бидат доказ во „Тврдина 2“ против Мијалков и Тачи. Еве кои

Два прислушувани разговора, од кои едниот необјавен, ќе можат да се користат како доказ во судската постапка за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи денеска Апелацискиот суд – Скопје.

Во една од снимките што беше јавно објавена се слуша разговор меѓу поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој тие се договараат за гласање во однос на поднесени приговори за изборите во ДИК.

Во „Титаник 2“ обвинети се Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и пет судии во Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e