Доказот дека човечките авантури никогаш немаат крај доаѓа од страна на елитниот падобранец Лука Алкинс,кој одлучи да да изведе нешто што претставува ноќен кошмар за неговите колеги,да скокне без падобран од 8.849 метри висина во огромна мрежа со големина на фудбалско игралиште која би му го спасила животот.
Интересно е што целиот овој потфат одеше во живо на ТВ мрежата FOX во едночасовната емисија Heaven Sent.
Мрежите се тестирани со помош на кукли кои биле исфрлани од големи висини,а многу од нив ја пробивале мрежата и се разбивале на парчиња.Освен функционалноста на мрежата за Алкинс голема неизвесност претставувало и прецизноста на летот,бидејки немаше да може да преживее ако ја при доскокот ја промаши мрежата.
Алкинс до сега има изведено повеќе од 18 000 скокови со падобран,но признава дека бил многу нервозен во пресрет на овој перформанс,кој преставува најголема вештина на сите времиња.