Светската премиера на новата генерација на Scania е сосема блиску. Настанот ќе се одржи утре, 23 август и ќе биде пренесуван во живо на nextgenscania.com, каде што во моментов часовникот ги одбројува преостанатите денови и часови до официјалната премиера. Откривањето на следната генерација на Scania може да се гледа директно и на страната на Scania Group во Facebook, како и на веб-сајтовите на националните дилери на шведскиот производител на камиони.
Корисниците на информативни услуги, исто така, можат да се вклучат во настанот, со регистрирање за официјалната премиера и така ќе можат да ја набљудуваат во живо, а исто така и ќе добиваат потсетници за настани поврзани со новиот камион.
Scania ги повикува сите свои клиенти, возачи и обожаватели од целиот свет да се вклучат во настанот. Во наредните денови, на интернет и во социјалните медиуми, публиката ќе има можност однапред да добива различни информации за новиот модел.
Извор: Камиони.мк