Научно докажано: Луѓето стануваат се поглупи

Во текот на изминатиот век секоја генерација израснуваше во поинтелигентни луѓе отколку нивните родители. На стандардни тестови за интелигенција, кои ги полагаа деца во повеќето земји од развиениот свет, просекот се зголемувал на секои неколку години. Она што беше просечно IQ во 1950 година е далеку под просекот измерен во, на пример, 1980 година.
Овој феномен го доби името Флинов ефект, по научникот Џејмс Флин, Новозеланѓанец кој беше првиот што го забележал овој тренд. Бидејќи тестовите за интелигенција се стандардизираат редовно – се калибрираат според големиот број испитаници за да се проценат просеците и разликите – така и секоја генерација би постигнувала идентични резултати на тестот. Дури кога Флин и неговите колеги не одлучиле да ги споредат резултатите од повеќе генерации, тој сфатил дека просекот се зголемува. Секоја деценија просечниот коефициент на интелигенција се зголемувал за околу три поени. Она што беше IQ 100 во 1980 година, измерен во 1930 година би бил IQ 115.

Ефектот на Флин важеше за поголемиот дел од 20 век – секоја генерација стануваше се поинтелигентна, но сè повеќе податоци укажуваа на загрижувачки крај на овој тренд и пресврт во друга насока. Колективниот коефициент на интелигенција, се чини, започна да опаѓа низ целиот свет.
Од раните 90-ти до денес коефициентот на интелигенција почна да се намалува во дел од развиениот свет. Овој тренд за прв пат го забележаа норвешки научници кои ги проучуваа резултатите од тестовите на воените регрути помеѓу 1950 и 2002 година. Податоците од минатиот век во голема мерка беа во согласност со ефектот Флин, но во средината на 90-тите години ефектот Флин исчезна.

Следеа вознемирувачки потврди за новиот тренд добиени од податоци од интелигенцијата на дански регрути, проследени со податоци од Велика Британија собрани од самиот Флин. Според една студија од 2009 година, просечниот коефициент на интелигенција на 14-годишен Британец паднал за околу два поени меѓу 1980 и 2008 година.

Според сите расположиви податоци, ефектот Флин започнал да се забавува во осумдесеттите години на минатиот век, а целосно исчезнал во 90-тите години. Човештвото, се чини, достигна врв на колективната интелигенција и тргна наназад.

Флин претпоставува, иако сè уште нема конкретни докази, дека младинската култура стагнирала или буквално заглупила. Исто така, изразува загриженост дека културата денес се фокусира првенствено на компјутери и видео игри, наместо на читање и зборување едни со други.

Светската здравствена организација (СЗО), пак, има едноставно и поморничаво објаснување: порастот на загадувањето на воздухот.

Според контроверзниот научник Ричард Лин, падот на интелигенција се јавува затоа што луѓето со понизок коефициент на интелигенција во современото општество имаат повеќе деца, а поинтелигентните се себични и не стапуваат во бракови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ