Мит или реалност: Зошто луѓето се плашат од Петок 13-ти?

Бројот 13 со векови наназад предизвикува нелагодност кај многумина, а верувањето дека носи несреќа се задржало до ден-денес. Неговата „лоша репутација“ често се поврзува со библиската приказна за Тајната вечера, каде што Јуда – ученикот кој го предал Исус Христос – бил 13-тиот гостин на трпезата.

Оттогаш, во различни култури се развило суеверие дека присуството на тринаесет лица на иста маса е лош предзнак, објави 4news.mk Верувањето е толку длабоко вкоренето што и денес може да се забележи неговото влијание во секојдневието. Многу светски аеродроми избегнуваат да имаат писта или излез со број 13, а во одредени авиони и хотели овој број воопшто не постои.

Посебно внимание привлекува датумот Петок 13-ти, кој за некои претставува симбол на несреќа. Стравот од овој ден има и свое научно име – параскевидекатриафобија. Станува збор за специфично чувство на вознемиреност или паника што се јавува исклучиво во врска со овој датум.

Иако за едни станува збор за обично суеверие без реална основа, за други Петок 13-ти е ден кога внимателноста е зголемена, а „непишаните правила“ се почитуваат со цел да се избегне лошата среќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e