Meta потврди дека Instagram започнал со тестирање на услугата за претплата Plus на некои пазари.
Досега, услугата е забележана на Филипините, Мексико и Јапонија, каде што чини 65 филипински пезоси / 39 мексикански пезоси / 319 јапонски јени. Овие износи се преведуваат на приближно два долари за Мексико и Јапонија и еден долар за Филипините.
За тие пари, корисниците добиваат некои ексклузивни функции, како што се можноста за креирање поголема публика за Story објави, увид во повторното гледање Story објави, пребарување на листата на гледачи, прегледи, продолжување на датумот на истекување на Story објавите за дополнителни 24 часа, испраќање супер срца и истакнување Story објави.
Таму каде што се тестира, услугата е бесплатна првиот месец. Не е јасно кога или дали тестирањето ќе се прошири во други земји. Исто така, не е познато дали оваа нова услуга ќе биде достапна за сите, кога тоа би можело да се случи и дали ќе го задржи овој сет на функции недопрен или ќе го промени донекаде.
