(Фото) Словенечко градче доби фонтани со пиво

Во парк, кој се наоѓа во словенечкото градче Жилец, има уникатни фонтани со пиво.

pivo-fontana3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Градчето е познато како „Хмелова престолнина” на Словенија, поради локалното пиво „Кукеч”, кое сега ќе може да се пие и преку новата атракција.

pivo-fontana2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Кукеч” се вари со вода од минерален извор, што го прави пијалокот навистина посебен. Целта на општината, која инвестираше 350.000 евра во новата атракција, е да се промовира пијалокот, но и самиот регион како туристичка дестинација. Веднаш до фонтаната со минералната вода ќе има пет автоматски вентили за пиво. Цената за една кригла ќе биде 6 евра, но задоволството од дегустацијата ќе биде непроценливо. Во градот живеат над 3.000 жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e