Данците објавија совети како да се заштеди гориво

Можете да заштедите пари и истовремено да ја заштитите околината ако се придржувате на неколку едноставни правила при возење на бензинско или дизел возило. Еве што е потребно:

Секој пат кога седнувате зад воланот на вашето бензин или дизел возило, имате можност да заштедите – едноставно возејќи економично, објави 4news.mk

Примената на неколку совети може да ви заштеди стотици евра годишно. Помалата потрошувачка на гориво не е добра само за вашиот паричник, туку и за околината, пишува данскиот портал FDM.

Изберете правилен автомобил

При купување обратете внимание на потрошувачката на гориво. Возило со помала потрошувачка значи секојдневна заштеда и пониски годишни трошоци (на пример, регистрација). Ако често возите на долги релации и автопат, размислете за дизел возило кое ги исполнува минимум стандардите Euro 6d.

Возете паметно

Забрзувајте постепено (околу половина гас) до саканата брзина. Следете го сообраќајот пред вас и држете растојание, бидејќи повторното забрзување по сопирање ја зголемува потрошувачката. Ако е можно, оставете го возилото бавно да „клизне“ кон семафорот на црвено светло.

Внимавајте на брзината

Кога моторот работи под големо оптоварување, троши повеќе гориво. Зголемувањето на брзината од 110 на 130 км/ч може да ја зголеми потрошувачката до 20%. Возете на највисок степен на пренос и обидете се да одржувате константна брзина – на пример со темпомат. Наглите забрзувања значително ја зголемуваат потрошувачката.

Ако сакате дополнително да се едуцирате за економично возење со вашето возило, постојат специјализирани курсеви за безбедно и штедливo возење.

Заштедете енергија

Исклучете дополнителни потрошувачи како грејач на задното стакло, клима или греење на седиштата кога не ви се потребни. Исклучете го моторот ако долго стоите – работа на празен ход троши гориво и штети на околината. Редовно одржувајте го возилото и внимавајте на притисокот во гумите – се препорачува да биде на горната граница на препорачаните вредности. Овие податоци можете да ги најдете во прирачникот на возилото или на внатрешната страна на капакот на резервоарот за гориво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e