Бројот на вооружени полицајци кои патролираат низ улиците на Лондон ќе биде зголемен, соопштија денеска лондонскиот градоначалник Садик Кан и комесарот на Метрополитен полицијата Бернард Хоган Хау.
Вооружените полицајци ќе бидат лоцирани во реонот на познатите лондонски знаменитости и места каде секогаш има многу посетители.
Според објаснувањето на полицијата, на улиците ќе бидат испратени дополнителни 600 вооружени полицајци, па нивната бројка сега ќе изнесува 2.800.
Ваквата одлука е донесена како последица на неколкуте терористички напади на европскиот континент, а со оваа мерка се настојува да се увери домашната јавност и посетителите на британскиот главен град во зголемената безбедност, но и да се предупредат потенцијалните напаѓачи.
– Немаме разузнавачки сознанија за некаков очекуван или потенцијален напад, па она што го правиме е резултат на сето она што го видовме во Западна Европа, изјави Хоган Хау.