Земјотрес во Индонезија, најмалку десет загинати и десетици повредени

Најмалку десет лица загинале, а повеќе десетици се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер, кој го погоди островот Ломбок на југоистокот на Индонезија.

Според локалната власт земјотресот кој се почувствувал во 23 47 часот по локално време предизвикал паника кај жителите и туристите на островот кој бегале од своите домови и хотели. Инаку епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7 километри.

По силниот земјотрес регистрирани се уште стотина помали потресе, истакна Американскиот геофизички завод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e