Четириесет годишен маж од Србија извршил самоубиство во хотелската соба во хотел во градот Сус, во Тунис.
Веста ја соопшти тамошната полиција. Тој се обесил во хотелската соба кадешто бил сместен.
Во Сус на одмор дошол со својата сопруга, но не е познато каде се наоѓала таа за време на трагедијата.
Портпаролот на Основниот суд кажал дека телото е пренесено на обдукција во Универзитетскиот болнички центар во овој туристички град.