Загина капетанот на товарен брод што пловел под грчко знаме во Бразил

Во пожар што избувнал рано утрово на товарниот брод „ORE SUDBURY“ што пловел под грчко знаме, во морската област Гуаиба во Бразил, животот го загуби 40-годишен Грк, капетан на бродот, соопштија од грчката крајбрежна служба.

Пожарот избил во делот за сместување, бил изгаснат од екипажот и извлечено безживотното тело на капетанот. Бродот е со 27 членови на екипаж, од кои девет грчки државјани, а никој од нив не е повреден.

Од крајбрежната служба на Грција соопштуваат дека веднаш биле известени локалните власти, а од пожарот не било предизвикано загадување на животната средина.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e