Вучиќ утре ќе се сретне со Палмер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе се сретне со заменикот-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Палмер во претходните денови беше на посета во Скопје и Приштина.

Во Приштина тој разговараше со претседателот на Косово, Хашим Тачи за дијалогот за нормални односи на Србија и Косово и потребата за брзо формирање на институции во Косово, соопшти кабинетот на косовскиот претседател.

Американскиот дипломат во Косово се сретна и со делегација од Српската Листа со која разговарал за предизборната ситуација во Косово, со посебен фокус на продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e