Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово се подготвуваат за напад врз Србија

Коментаријаќи го воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина.

„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова ва се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.

Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.

„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.

Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.

„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.

„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e