Тројца луѓе го загубија животот, а едно лице е тешко рането во престрелка што го потресе мирното гратче Лејк Карџелиго во австралиската држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат светските медиуми, полицијата на местото на настанот затекла две мртви жени и еден маж.
Напаѓачот во моментов е во бегство, а според првичните информации, тој побегнал со возило во сопственост на локалните власти. Полицијата веднаш испрати вооружени специјалци на терен и упати итен апел до граѓаните.
„Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови“, соопштија надлежните служби.
Според пишувањата на „Сиднеј Морнинг Хералд“, се претпоставува дека мотивот за нападот е поврзан со семејно насилство. Ранетиот маж е пренесен во болница и се наоѓа во тешка, но стабилна состојба.
