Во Лозана не се постигна договор за прекин на огнот во Сирија

Состанокот во Лозана за прекин на огнот во Сирија е завршен без договор, но е оценето дека разговорите биле конструктивни и дека треба да продолжат контактите.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека учесниците во преговорите во Лозана разговарале за неколку интересни идеи и се договориле контактите да продолжат што е можно побргу.

– Има неколку идеи кои денеска беа разгледани во овој круг и кои можат да влијаат на ситуацијата. Се договориме да продолжиме во наредните денови – изјави Лавров.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, исто така оцени дека состанокот бил многу конструктивен и дека министрите разговарале за нови идеи за оживување на примирјето во Сирија.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, рече дека договор не е постигнат, но дека борбата против Исламска држава во Сирија треба да продолжи независно од прекинот на огнот.

На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи на Египет, Катар, Иран, Ирак и на Саудиска Арабија.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e