Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека на 24 јуни во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.
Ваквата најава Ередоган ја даде по средбата со лидерот на десничарската Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели, на која бил разгледуван неговиот вчерашен предлог за одржување предвремени избори за шеф на државата и за членови на Големото народно собрание.
– Позитивно одговоривме на предлогот на Бахчели за предвремени избори и донесовме одлука изборите да се одржат на 24 јуни, нагласи Ердоган.
Бахчели вчера предложи наместо редовниот термин во ноември 2019 година, во Турција да се одржат предвремени претседателски и парламентарни избор на 26 август оваа година.