Имено, кога ја преземал контролата над Ирак во 1979. година, тој во подрумот во ирачката дипломатска мисија во Њујорк, поточно на Менхетн, изградил соба за мачење, која била добро сокриена. Според изворите на New York Post, во таа петкатница биле држени ирачки цивили, кои таму биле мачени, а некои дури и убиени.
Тоа што е интересно е дека сè се случувало во зградата која се наоѓа преку патот од куќата на Мајкл Блумберг, кој подоцна станал еден од најпознатите њујоршки градоначалници.
Собата за мачење била опремена со блиндирани врати, кои било невозможно да се обијат, а изолацијата на оваа соба во подрумот била таква што никој не можел ништо да слушне, па дури ни страшните врисоци на жртвите. Тука во главно биле затворани членови од семејството “ирачки проблематични граѓани”, а преку нив биле уценувани оние кои му пречеле на Садам Хусеин.
Некои дури и биле мачени од озлогласените агенти на Хусеин, припадници на Мухкабарат, кои на жртвите им ги корнеле ноктите, ги тепале со кабли и бакарна жица. Доколку се случело некој да подлегне на мачењето, нивните тела се изнесувале од САД со помош на дипломатскиот имунитет.
Лешовите во главно ги ставале во таканаречени дипломатски кутии, на кои пишувало “Ова е дипломатска пратка, никој нема овластување да отвори и прегледа”.

Во подрумот имало уште две соби. Едната била обична канцеларија, а другата центар за комуникација, каде биле примани наредби од Ирак.

По падот на режимот на Хусеин, во оваа зграда влегле федерални агенти, кои ги откриле сите нејзини тајни. Иако зградата била ирачка територија, американските агенти ги отвориле сите тајни сефови во неа и земале многу документи.
Денес, и Ирак, но и зградата имаат нов сопственик. Собата за мачење не постои, а наводно е претворена во кујна.

