Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОН) утре ќе расправа зад затворени врати. Главна тема на состанокот ќе биде ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати, откако Турција започна воени операции против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.
Седницата на 15-члениот Совет за безбедност е закажана на барање на Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најавувајќи го денеска почетокот на воената акција, изјави дека таа има за цел да го елиминира „коридорот на теророт“ на јужната граница на Турција.