УНЕСКО му додели на Сараево статус на филмски град

По повод Светскиот ден на градот, кој се слави на 31 октомври во Париз, беше објавено дека на Сараево му е доделен статус на филмски град на УНЕСКО, објави Сараевскиот филмски фестивал.

УНЕСКО доделува статус на филмски град на градови кои имаат богата филмска историја, препознатливи филмски фестивали, значајни филмски локации и продукциска инфраструктура и се посветени на развој и промовирање на филмското творештво.

Покрај Сараево, овој статус го добиле германскиот град Потсдам, познат по славното филмско студио и филмскиот забавен парк Бабелсберг, индискиот град Мумбај, центарот на Боливуд, шпанскиот град Ваљадолид и новозеландскиот Велингтон

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e