Ученичка пронашла „список за отстрел“ во основно училиште во Хрватска

Ученичка во основно училиште во централна Хрватска пронашла список со имиња на деца со заканувачка порака и веднаш го пријавила кај наставниците и директорот, по што била известена полицијата.
Дел од родителите изразиле загриженост бидејќи за случајот дознале подоцна од своите деца. Директорот уверува дека училиштето е безбедно и дека се преземени сите мерки, додека полицијата потврди дека е во тек истрага.
Голем број родители не ги пуштиле своите деца на настава во тоа училиште од страв откако под клупа во едно од нив бил пронајден список со имиња и злокобна порака.
„Децата ни кажаа дека ги проверуваат тетратките на сите, па отидовме да ги прашаме наставниците што се случило. Тоа беше во понеделник околу 10 часот наутро, никој ништо не рече, ниту нè извести. Дури подоцна директорот објави дека ги презеле сите потребни чекори и постапиле според протоколот“, кажуваат родители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e