Уапсени шест лица: Издавале возачки дозволи без положен испит

Шест лица, од кои еден референт за издавање возачки дозволи при МВР Сараево, осомничени се дека вршеле злоупотреба со издавањето дозволи.

Три лица ќе бидат предадени во надлежност на кантоналниот суд.

Потпаролката на Судот КС Азра Бавчиќ изјавила дека вчера се уапсени службеници од МВР поради сомневање дека издавале возачки дозволи без положен возачки испит.

Сараевскиот портал „Klix“ објави дека во последните неколку месеци издадени се најмалку 10 нелегални возачки дозволи. Според порталот, во наредните денови може да се очекува бројот на илегални дозволи да се зголеми со оглед на тоа дека истрагата е во рана фаза.

Од МВР КС вчера соопштија дека оваа акција е дел од севкупното настојување на полицијата низ интензивни акции да работи на спречување и санкционирање на незаконското однесување во сопствените редови со цел го зајакнуваат интегритетот во работата, но и да ја вратат довербата на граѓаните во работата на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e