Американските правници задолжени за борба против педофилијата објавија дека во 38 држави се уапсени 338 лица поврзани со педофилија преку интернет.
Уапсени се како дел од кривичната истрага за веб-страниците за детска порнографија кои продаваат видеа за криптовалута биткоин, соопшти агенцијата.
Веб-страницата Welcome To Video беше затворена во март 2018 година и на неа биле прикажани над 250.000 видеа, соопштија властите.
Американските власти во соработка со нивните колеги од целиот свет уапсија и обвинија лица во Соединетите држави, Велика Британија, Јужна Кореја, Германија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Чешка, Канада, Ирска, Шпанија, Бразил и Австралија, како и во други земји, соопшти Министерството за правда на САД.