Уапсена жената чии кучиња до смрт го искасаа новинарот Радосављевиќ

Полицијата ја уапсила Виолета Миросавиќ, која била ангажирана да ги чува кучињата кои до смрт го искасаа новинарот Владан Радосављевиќ, а тешко ја повредиле неговата сопруга, објави Блиц.рс.

Таа по наредба на Основното јавно обвинителство е уапсена од полицијата на Младеновац.

Како што објавува порталот Блиц.рс, против неа веќе се води постапка во Основното јавно обвинителство Младеновац поради сомнение дека сторила кривично дело предизвикување општа опасност, затоа што истите кучиња кои го нападнаа новинарот на 1 ноември нападнале девојчето и му нанеле полесни повреди.

-Бев таму да ги нахранам кучињата. Тие беа мирни. Никогаш досега никого не нападнале, рекла Виолета М.

На Виолета М. пред неколку месеци ѝ платила Миланка С., сопственичката на кучињата која живее во Франција, да ги храни. Како што вели таа, пред трагедијата дошла во викендицата, ги хранела кучињата, а не мисли дека кучињата го нападнале Владан затоа што биле гладни.

– Ги ставив во боксовите. Тие кучиња никогаш претходно не нападнале никого. Секојдневно има работници кои работат на таа викендица, кучињата излегуваат на прошетка, никогаш не биле агресивни – вели Виолета М.

Радосављевиќ , еден од основачите на продукциската група „Мрежа“, кој искрварил до смрт и починал на лице место. Кучињата тешко ја повредиле и неговата сопруга. Тие биле нападнати во близина на нивната викенд куќа на Космај… Како што беше соопштено од Ветерина Белград, кучињата имале сопственик и биле јасно облежани со ланчиња на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.

-Се работи за еден стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е мешавина и релативно крупно. Сите три кучиња во таа смисла очигледно како да биле научени да напаѓаат луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e