Трамп со закана: Анкара ќе биде финансиски казнета ако не игра по правилата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се обидува да ја заврши војната во Сирија и притоа ја предупреди Анкара дека ќе се соочи со финансиски проблеми ако не игра според правилата.

„Се обидувам да ја завршам војната без крај. Разговарам со двете страни. Турција ќе биде силно погодена и финансиски и со санкции доколку не игра според правилата“, истакна американскиот претседател и додаде „внимателно набљудувам“, напиша Трамп на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e