Трамп: САД нема да се вклучат во војна меѓу луѓе кои 200 години се борат меѓусебно

Околу 1.000 американски војници кои се распоредени во северниот дел на Сирија добија наредба за повлекување од земјата, изјави неименуван американски претставник.

„Ние ја спроведуваме наредбата. Повлекувањето се однесува на сите војници распоредени во Сирија, освен за оние во базата Ал Танф, која се наоѓа во јужниот дел на земјата што ја контролираат околу 150 американски војници“, вели изворот за медиумите.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека САД нема да се вклучат во уште една војна меѓу луѓе кои 200 години се борат едни против други.

„Дали луѓето навистина мислат дека треба да влеземе во војна против Турција, која е земја членка на НАТО? – Бесконечните војни мора да завршат“, истакна Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e