Кандидатот на републиканците, Доналд Трамп почна кампања за лошото здравје на Хилари Клинтон.
Здравствената состојба на кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, стана нова мета на кампањата на нејзиниот републикански соперник, Доналд Трамп, а многу членови на неговиот изборен тим посегнуваат и по теории на заговор кои дополнително ги подгреваат сомнежите.
Трамп во последните неколку дена на своите митинзи повеќепати повтори дека 68-годишната Клинтон „нема физичка и ментална способност“ да биде претседателка на САД, а на „Твитер“ осамна објава „Каде е Хилари? Таа спие“.
Многу членови од тимот на Трамп, исто така, со своите изјави ги подгреаја сомнежите дека кандидатката има здравствени проблеми, а и Рудолф Џулијани, некогашниот градоначалник на Њујорк, вчера за телевизиската мрежа „Фокс њуз“ рече дека „Клинтон е уморна и изгледа болно“.
Извор Мета(линк)