Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека САД не ја поддржуваат воената операција на Турција во Сирија, потенцирајќи дека тоа е лоша идеја.
„Соединетите Американски Држави не го одобруваат овој напад и ставија до знаење на Турција дека оваа операција е лоша идеја. Од првиот ден кога влегов во политичката арена, јасно ставив до знаење дека не сакам да се борам во оние бескрајни, бесмислени војни, особено оние од кои САД немаат корист“, се посочува во пишаната изјавата на Трамп.
Американскиот претседател ја потсети Турција на обврзувањето за заштита на цивилите, на религиозните малцинства, вклучително и христијаните, да се осигура дека нема да предизвика хуманитарна криза.
„Турција сега е одговорна да обезбеди сите борци на ИСИС кои се држат во заробеништво да останат во затвор и одговорна е за ИСИС да не се реструктуира на кој било начин или форма. Внимателно да ја следиме ситуацијата“, посочи американскиот претседател во пишаната изјава, јави „Си-Ен-Ен“.
Меѓународниот Црвен крст и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) во меѓувреме лиферуваа соопштенија во кои потенцираат загриженост за животите на десетици илјадници луѓе во североисточна Сирија кои живеат во кампови, затвори или во сопствените села и градови. Над 100.000 луѓе во моментов се наоѓаат во кампови во Хасака, Рака и Деир Езор.