Говорејќи од Овалната соба, Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат повлекување од Иран во наредните „две или три недели“, нагласувајќи дека операцијата се приближува кон својот крај. Изјавата доаѓа во момент кога глобалните пазари внимателно ја следат состојбата поврзана со конфликтот.
Трамп ја повтори својата претходна позиција, истакнувајќи дека повлекувањето ќе биде брзо и дека веќе се гледаат ефектите од воените активности, особено во однос на економските движења, објави 4news.mk Според него, по завршувањето на операциите може да се очекува значително намалување на цените.
Американскиот претседател потенцираше дека главната цел на интервенцијата – спречување на Техеран да развие нуклеарно оружје – е веќе остварена.
„Ја постигнавме целта. Сега ја завршуваме работата и тоа ќе се случи за многу кратко време“, изјави Трамп, додавајќи дека остануваат уште неколку финални чекори.
Иако не ја исклучи можноста за договор меѓу Вашингтон и Техеран, тој посочи дека евентуалните преговори не се од клучно значење во оваа фаза.
„Не е пресудно дали ќе седнат на преговарачка маса. Тие се сериозно ослабени – без значајни воени капацитети и без јасно лидерство“, оцени Трамп, нагласувајќи дека, според него, Иран е вратен години наназад во развојот на своите воени способности.
