Црна вест доаѓа од селото Трешњевица, во близина на српскиот град Ивањица, каде згасна млад живот поради кобна грешка. 12-годишно момче го загуби животот откако, помагајќи им на своите родители во земјоделските работи, се напило од пластично шише мислејќи дека во него има сок.
Наместо освежување, во шишето имало силен отровен раствор наменет за сузбивање на корови во овоштарникот. Иако момчето се борело за живот во болниците во Ивањица и Белград, лекарите за жал не успеале да го спасат.
„Семејството е скршено од болка, а мештаните се во неверување. Станува збор за вредни и чесни луѓе, а малиот сакал само да им помогне. Никој не претпоставувал дека неколку голтки ќе доведат до ваков ужасен крај“, велат соседите за српските медиуми.
