Рано утрово во Славонски Брод, Хрватска, се случи трагедија кога се преврте чамец со мигранти на реката Сава. Како што изјави за Хина Иван Вулета, командант на Јавната противпожарна станица Славонски Брод, од водата се извлечени тројца мртви мигранти и осум живи.
Инцидентот бил пријавен во 5:38 часот наутро. Противпожарните служби интервенирале со две возила и еден противпожарен чамец.
„Имаше 11 мигранти, осум живи, а тројца мртви беа извлечени“, изјави Вулета.
Преживеаните мигранти веднаш биле згрижени од брза помош и пренесени во болница.
Според медиумските извештаи, едно лице е обвинето во врска со несреќата. Се работи за државјанин на Босна и Херцеговина, кој исто така е хоспитализиран и се наоѓа под полициски надзор.
