Столтенберг: Турција да покаже воздржаност во Сирија

Очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања, порача од Атина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Воените операции на Турција во Сирија, проблемот со мигрантите, ситуацијата во поширокиот регион и на Балканот и кипарското прашање беа дел од темите што се најдоа на агендата разговори меѓу Мицотакис и Столтенберг

„Апелирав до Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да бидат одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања. Треба да запомнеме дека мора да продолжиме да се држиме заедно во нашата заедничка битка против заедничкиот непријател кој е ИСИС“, рече Столтенберг.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „Грција уште од прв момент ја осуди оваа еднострана воена акција на Турција на сириска територија“.

„Должност на меѓународната заедница и на НАТО е сега да изврши секакво влијание за да се наметне прекин на огнот за да не ескалира нестабилноста и да се избегнат човечки загуби и нови бранови на бегалци, но и за да не се поништат напорите за мирно решавање на сириската криза“, рече Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e