Стеван Дојчиновиќ, уредникот на КРИК вратен од Абу Даби – требало да учествува на конференција на ОН за корупцијата

Стеван Дојчиновиќ, уредник и основач на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК) и регионален уредник на Известувачкиот проект за организиран криминал и корупција (OCCRP) ноќеска бил задржан во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), под изговор дека е на „меѓународна црна листа“ и дека не може да влезе во земјата, но не му било соопштено ништо повеќе за тоа, по што бил вратен назад во Белград.

Тој на аеродромот во Абу Даби, главниот град на ОАЕ, слетал околу 20 часот со директен лет од Белград и полицајците на пасошката контрола го задржале и му го зеле пасошот, известува КРИК.

– Потоа ме однесоа во полициските простории на аеродромот. Таму ми зедоа отисоци од прстите, ме фотографии и направија досие. Потоа ме оставија да чекам под надзор и дури по пет часа чекање ми кажаа дека утрото ќе бидам депортиран во Србија – вели Дојчиновиќ.

“Ова е страшно”, вели Дру Саливан, главен уредник на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција чијшто член е Дојчиновиќ. “Кога сте домаќин на најголемиот собир за борба против корупција и им забранувате на поканетите новинари да присуствуваат, тоа покрева сериозни прашања за посветеноста во борбата против корупцијата”.

Стеван Дојчиновиќ е еден од водечките истражувачки новинари во регионот и пошироко. Тој и неговиот тим во Србија работат под постојани притисоци и закани од страна на власта и организираниот криминал..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e