Сорос: Диктаторите, доколку бидат успешни, секогаш одат премногу далеку

Фондацијата „Отворено општество“ мора да продолжи и по мојата смрт. Јас им го должам тоа на сите луѓе што својот живот го посветија да работат таму. Така милијардерот Џорџ Сорос ја коментираше иднината на фондацијата што ја создаде, во интервју за Шон Вокер од британскиот весник „Гардијан“.

Сорос (89) вели дека пред околу 30 години, сегашниот американски претседател Доналд Трамп го поканил да застане на чело на неговиот бизнис во Њујорк. Но одбил затоа што „едноставно не му се допаднал“.

„Тоа ме предизвикува и ме наполни со енергија. Кога гледам список на луѓе, движења или земји што ме напаѓаат, ме тера да верувам дека правам нешто како што треба. Горд сум на непријателите што ги имам“, вели тој.

„Јас тоа не го прифаќам лично и сигурно не дозволувам да се претвори во личен конфликт“, истакна Сорос за постапките на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го избрка Отвореното општество од земјата. „Разликата меѓу нас не е лична, туку идеолошка – имаме спротивни ставови за светот“, вели Сорос.

„Во овој случај, украинскиот народ се побуни“, прокоментира Сорос за Мајдан во Киев и додава: „Диктаторите, доколку бидат успешни, секогаш одат премногу далеку. Ништо не може да ги запре. Во одреден момент, луѓето што се потчинуваат се лути. Вака се раѓаат револуциите. Сепак, тие никогаш не се успешни и институциите се појавуваат во тој момент. Така функционира општеството “.

„Губењето на свеста е толку застрашувачко за личност како мене која е толку вклучена во размислувањето и разбирањето на светот. Но, умирањето е природна последица на раѓањето, па немате од што да се плашите “, одговорил Сорос на прашањето дали се плаши од смртта.

„Првично, сакав да ги потрошам парите додека бев жив, но тогаш сфатив дека тоа ќе биде многу себично. Има многу други луѓе кои својот живот го посветија да работат за фондацијата и им го должам на нив фондацијата да продолжи да работи и покрајот на мојот живот “, наведува Џорџ Сорос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e