Како што пренесуваат американските медиуми, студентот-пилот, Ферас Фреитех, од Јордан, во придружба на Превала кој бил инструктор по летање од засега неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрама “Прат и Витни“.
По борбата во пилотската кабина со Јорданецот, со голема присебност но и пожртвуваност Превала успеал некако да избегне да не се урне во местата каде има луѓе или пак во фабриката каде работеле над 300 луѓе. Пајперот се урнал во една од улиците во градот. Студентот Фреитех загинал на самото место, додека Превала со тешки изгореници бил пренесен во болница. Повредени биле и 2 лица кои во моментот се наоѓале на самата улица.
Освен полицијата во истрагата се вклучи и ФБИ се со цел да се утврди дали Јорданецот има врски со некоја терористичка организација со оглед дека фабриката која што сакал да ја погоди е класифицирана како место со “критична инфраструктура“.

Превала, според изјава на негов роднина, во САД дојден е пред 20 години, каде работи како инструктор за летање повеќе од 11 години, и е многу успешен во својата работа. Од друга страна Јорданецот Фреитех е имигрант кој од пред 4 години е со студиски престој во Соединетите држави. Според она што го кажуваат пријателите на Јорданецот ништо не навестувало дека тој е спремен на ваков чекор. Останува полицијата и ФБИ да ги разјаснат причините и мотивот што довеле до овој настан.
За поврзани вести продолжете надолу