Сириски демократски сили: Доколку Турција дозволи евакуација, ние ќе се повлечеме

Претставник на курдските сили изјави дека Курдите ќе се повлечат од пограничните области во согласност со договорот, откако Турција дозволи евакуација на преостанатите борци и цивили од опколениот град Рас ал Аин.

Редур Халили, претставник на Сириските демократски сили синоќа изјави дека евакуацијата од Рас ал Аин е планирана за денеска, доколку не дојде до нејзино одложување.

Тој додаде дека курдските сили ќе се повлечат 30 километри од границата.

Тоа е првпат курдските сили да најават дека ќе се повлечат од границата со Турција.

Халил посочи дека вчера имало делумна евакуација од Рас ал Аин и оти истата е спроведена во координација со САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e