Сирија ги брои првите жртви на турските напади

Мирни жители во сирискиот пограничен град Рас ел Ајн се повредени при нападите на турските воздухопловни сили и артилерија врз градот и неговата околина, објави телевизијата „Ал Хадас“.

Според курдски извори, убиени се двајца цивили, а околу 20 се повредени. Исто така, загинале седум курдски борци од коалицијата „Сириски демократски сили“, а 16 се повредени.

Телевизијата „Ал Хадас“ објави дека се извршени вкупно 16 напади врз позиции на курдските бунтовници, врз нивни контролни пунктови и бази во населените места Мешрафија, Хирбет-Банат, Ал Асадија и Бир Нух. Густи облаци од чад се издигнуваат над тие реони.

Турција ги нападнала и градовите Дарбасија, Маликија, Камишли во провинцијата Хасака, како и градовите Тел Абјад и Ајн Иса во Рака. Се зголемува приливот на бегалци од граничните населени места.

Курдски претставници тврдат дека напад бил извршен и врз далноводи и водоводни станици, кои го снабдуваат градот Хасаку со вода за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e